Дополнителен систем за пријавување
Системот за укажување претставува дополнување на другите интерни канали за комуникација на компанијата што им се достапни на сите членови на персоналот на Групацијата АДП, вклучително и нејзините подружници (Hub One, Hub Mobility, TAV Airport, AIG, ADP Ingénierie итн.):
- Нивните раководители
- Лицето(лицата) за контакт во однос на Етика и усогласеност во рамки на вашата компанија, доколку има.
Како последно средство, системот ви овозможува да поставите прашање(а) за деликатни ситуации или пак да пријавите настан(и) што е/се во спротивност со вредностите и начелата за етика и усогласеност на Групацијата (да се консултира со кодексот на однесување кликнете на линкот https://codeofconduct.groupeadp.fr/ или на веб страницата на Групацијата, во делот Стратегија), како и да пријавите прекршување на закони и правни регулативи.
Системот е отворен и достапен и за вработените и за добавувачите. Сепак, добавувачите мора првенствено да ги користат системите за предупредување, односно пријавување, односно механизмите за укажување на компаниите каде тие се вработени.
Овој систем за пријавување овозможува да се сигнализираат неправилности или прекршувања на начелата и/или правните одредби и регулативи во доволно рана фаза за да се намалат ризиците.
Кога може да го употребам системот за укажување?
Системот за укажување може да се употреби за да се посочи, односно укаже на загриженост во однос на несоодветно однесување, односно однесување што е во спротивност на вредности и етичките начела на компанијата, а што би можело да биде штетно и да се прејудицира за нашата компанија или пак за сигурноста на лицата. Покрај достапноста (24/7), при конципирањето и воспоставувањето на овој механизам, односно систем, довербата беше едно од главните барања на Групацијата АДП. Поради оваа цел, механизмот се потпира на 4 столбови:
- Заштита на лицето од кое доаѓа пријавата, доколку делува по своја добра волја;
- Пресумпција на невиност на лицата таргетирани, односно засегнати од пријавата;
- Добро однесување на страните вклучени во процесот на прием и обработка на пријавата;
- Почитување на приватноста, особено во врска со заштита на идентитетот на лицето од кое доаѓа пријавата, односно укажувачот.
Вашата пријава предупредување ќе биде обработена на безбеден начин
Системот за укажување на Групацијата АДП е регулиран со упатствата за обработка што се дадени подолу. За текот и следењето, системот е поддржан од два надворешни партнера, обврзани на строги правила и обврски за доверливост:
- Signalement.net ја доставува платформата и ја воспоставува заштитата на податоците (процес на шифрирано укажување што е заштитен со лозинка),
- ADIT има обврска да ја оцени и да направи процена дали пријавата е прифатлива согласно дефинираните критериуми од упатствата и насоките за обработка на пријава, како и степенот на сериозност на пријавата.